Во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција, денеска Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид и Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Македонија-огранок Охрид, потпишаа меморандум за соработка.

Според одредбите, меморандумот подразбира унапредување на меѓусебната соработка во областа на безбедноста, изведување и учество на заеднички вежбовни активности и организација на настани од областа на безбедноста, јакнење на професионалните компетенции, размена на искуства, знаења, взаемна помош и поддршка на полето на безбедноста, едукација и практична настава од заеднички интерес за членовите и претставниците на двете страни потписнички, информира м-р Стефан Димоски, претседател на ИПА Охрид.

Меморандумот беше потпишан од страна Димоски и полковникот во пензија Добре Велјаноски.

OhridNews