Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) – регион Охрид, во недела, 16 мај, организира рекреативна велосипедска тура Охрид-Радожда-Охрид. Стартот е закажан во 08 часот од градското пристаниште во Охрид, а ќе се вози по крајбрежјето на Охридското Езеро, по стариот пат Охрид-Струга и потоа кон Калишта, хотелите „Бисер“, „Изгрев“ и „Макпетрол“ до Радожда.
Со овој настан, всушност ќе се да се реафирмира идејата за изградба на велосипедска патека од Охрид до Струга, која првично беше иницирана од Општинскиот совет за безбедност во 2016 година, вели претседателот на ИПА регион Охрид и поранешен претседател на Општинскиот совет за безбедност, Стефан Димовски.

OhridNews











