Еден од најстарите грчки професионални фудбалски клубови, Ираклис, кој е основан 1908 година поради неподмирени долгови не доби лиценца за настап во најдобрата грчка фудбалска, па така неговите навивачи сакаат нивниот клуб да се натпреварува во македонската прва фудбалска лига. 


– Бараме управата да го пресели клубот кај северниот сосед, барем таму ќе не почитуваат- скандираа навивачите низ улиците на Солун.

Ираклис и во јуни минатата година се соочуваше со истите проблеми. И тогаш беа објавени и фотографии од протестот на грчките навивачи со развиорени македонски знамиња. Иако Ираклис се наоѓа на 11-тото место од 16 клубови во Првата лига и има дури 10 бодови повеќе од испаднатата Лариса, сепак сојузот бил немилосрден и го деградираше од грчката Суперлига.

Ohridnews