Началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Сердар Багери, соопшти дека неговата земја преку дипломатски канали (швајцарската Амбасада) испратиле порака до САД во која го предупредуваат Вашингтон дека доколку соработува со Израел во нивните можни следни акции, американските бази „никаде нема да бидат безбедни“.

Багери кажа дека од иранска перспектива воената операција против Израел е „завршена“. Меѓутоа, тој во интервју за иранската агенција ИРИН, пренесено од Си-Ен-ЕН, нагласи дека иранските вооружени сили и натаму се во сосотојба на зголемена борбена готовност и подготвени се да „делуваат доколку тоа биде потребно“

Доколку ционистичкиот режим одговори, нашата следна операција ќе биде многу поголема. Постапките на Израел во конзулатот беа одмаздени, моравме да одговориме, додаде Багери.

Иранските власти јасно ставија до знаење дека ноќешниот напад е одмазда за нападот на Израел на 1 април, во кој беше уништена зградата на иранскиот конзулат во сириската престолнина Дамаск.

Израел демантираше инволвираност во нападот во Дамаск, во кој загинаа неколку истакнати ирански воени функционери, меѓу кои и Мохамад Реза Захеди, висок командант на Револуционерната гарда.

Портпаролот на израелските одбранбени сили за Си-Ен-Ен изјави дека нивните разузнавачки податоци покажале дека зградата во Дамаск не е конзулат, туку „воена зграда на силите Кудс преправена во цивилна зграда“.

OhridNews

Фото: МИА