Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Смилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова која поднесе оставка од функцијата, информираат од Општина Охрид.

Градоначалникот Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за добрата соработка, а и посака успех во работата на новоименуваната директорка.

Ирина Смилеска доаѓа од редот на вработените во установата и по професија е дефектолог.

OhridNews