Повеќе од 500 регистри со документи за работењето на фирмите регистрирани на улица „Перо Наков“ бб исчезнале од магацинот на „Хедис“. Од Финансиската полиција информираат дека просториите во кои се наоѓале документите биле запечатени уште на 25 ноември кога инспекторите беа спречени да извршат увид, но во меѓувреме непознато лице противзаконски влегло од некој од споредните влезови и успеало да ја извади документацијата која требало да послужи како доказен материјал во истрагата.

 Магацинот пред запечатувањето бил снимен и фотографиран, што најверојатно не го знаеле лицата кои незаконски ги однеле запленетите документи.  Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расветлување на случајот кој може да влијае на постапката што се води против сопственикот наА1 телевизија Велија Рамковски и 14 управителите на фирмите регистрирани на иста адреса, кои  беа приведени пред две недели под обвинение – злосторничко здружување, перење пари и затајување данок со што оствариле нелегален профит од околу 17 милиони евра. Приведените се во притвор, а полицијата сеуште трага по други пет лица меѓу кои и по синот на Рамковски, за кого е расишана интерна потерница.

Инаку денес пред истражниот судија на распит треба да се појават  дел од новинаирте на А1 кои Обвинителството ги повика за сведоци, што според главниот и одговорен уредник на телевизијата, Младен Чадикоски, претставува  политички притисок врз новинарите.

OhridNews