Триесет и пет годишната Лета Цветаноска Лазареска, која исчезна на 26-ти октомври, се удавила во Охридското Езеро. Ова го покажала обдукцијата, што беше извршена врз телото на починатата, кое утрово околу 10 часот беше пронајдено на плажата од комплексот Вила Билјана, од страна на полициските службеници при СВР Охрид.

Увид на местото на настанот изврши екипа на СВР Охрид, истражен судија, јавен обвинител при Основниот суд во Охрид    и доктор- специјалист од Битолскиот Институт за судска медицина.

Според наодите од обдукцијата смртта настапила со давење во вода, а на телото на починатата не биле забележани траги на насилство.

-Препознавање на телото е извршено  од страна на нејзиниот сопруг и од уште еден член на нејзиното семејство кои го потврдија нејзиниот идентитет, соопшти СВР Охрид.

По извршената обдукција, телото на починатата е предадено на нејзиното семејство.

Ohridnews