78-годишниот жител на Охрид, кој пред два дена беше пријаве за исчезнат во с. Рајчица, дебарско, утрово бил пронајден мртов, соопшти полицијата.

Според првичните наоди од истрагата, старецот најверојатно починал од природна смрт.

По налог на истражен судија телото на починатиот е предадено на обдукција.

Старецот завчрра околу 16 часот излегол од неговиот дом во с. Рајчица и повеќе не се вратил. Неговото исчезнување вечерта во дебарската полиција го пријавила неговата сопруга. По еднодневна потрага, полицијата го пронајде безживотното тело на исчезнатиот старец покрај нива во родното село.

OhridNews