Жолтиот локвањ , чии живеалишта неодамна со акција на Лимнолошкото друштво повторно беа обновени во водите на Охридското Езеро, деновиве почна да ги губи лисјата и да исчезнува. Експертите смируваат дека тоа е природен процес и вообичаен за овој период од годината.
крај на вегетацијата на локвањот
Тое е природен процес затоа што сега е крај на вегетативниот процес на локвањот, некои листови се исушени, некои и распаднати, а за неколку месеци дури и целосно ќе исчезнат листовите, но тоа е сосема природен процес, ни изјави Марина Талевска, од Македонското Лимнолошко друштво.

Локвањот чие живеалиште со помош на донатори, локалната самоуправа, ЈП Охридски Комуналец и х. Милениум, беше обновено во близина на трската (наспроти х. Милениум), повторно ќе почне да цвета напролет, вели Талевска.
Сепак , таа информираше дека забележано е намалување на природните живеалишта на локвањот во струшко, кои како што рече се на удар на човекот. „Особено во Калишта со интензивна изградба на хотели, куќи и паркиралишта се намалува површината која е природно живеалиште на локвањот“, предупредува Талевска. Таа информираше дека Лимнолошкото друштво ќе реагира на ваквата појава и ќе бара соодветен одговор од належните институции.
Г. Момироски













