Просторот околу летната сцена „Долни Сарај“ деновиве бил целосно исчистен и уреден. Од одделението за Јавна хигиена при Ј.П. „Охридски Комуналец“ информираа дека на овој простор било извршено отстранување на насобраниот опад како и косење и уредување на зелените површини.
Освен активностите за уредување на „Долни Сарај“ вработените во препријатието во текот на изминатите денови изршиле и темелно чистење на тротоарите од улицата „Јане Сандански“.
OhridNews