Екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец„ денеска реализираа акција за чистење на крајбрежниот појас во месноста Грашница, на потегот од вливот на река Грашница до калето.
Плажата е расчистена од отпадот кој го исфрли езерото, во најголем дел езерска трска, но и тешко разградлив комунален отпад и отпадоци од пластика, хартија, лименки и друго.
OhridNews












