Екипи од ЈП „Охридкси комуналец“ машински ја чистеа дивата депонија создадена од несовесни граѓани наспроти бензинската „Окта”. Од дивата депонија, направена покрај игралиште за млади, подигнати се големи количини на градежен шут, електрични апарати, зелен отпад и др.
Повторно се упатува апел до граѓаните отпадот да го депонираат на местата предвидени за тоа и да не се создаваат диви депонии кои ја уништуваат околината и животната средина.
OhridNews












