Локалната самоуправа и Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известуваат сите граѓани и правни субјекти од Општина Охрид, дека согласно Законот за Јавна чистота во зимски услови, при снежни врнежи се должни веднаш да започнат со чистење на снегот на отворените простори, пред нивните објекти, како би обезбедиле непречен пристап по тротоарите, коловозите и до објектите.

– За неисполнување на ваквата законска обврска, како и евентуално настанатите штети  на пешаците или возилата заради нечистењето на снегот, несовесните граѓани и правните лица ќе сносат санкции, а комуналните инспектори кои се постојано на терен ке изречат казни  согласно Законот за јавна чистота и Одлуката на Советот на општината за одржување на јавната хигиена, информираат надлежните.

Тие потсетуваат дека обврската за чистење на снегот се
однесува на граѓаните и прваните лица на подрачјето на целата општина а
не само во централното градско подрачје. Притоа се апелира до сопствениците на возила да ги дислоцираат возилата од коловозите како би можеле  комуналните служби да ги исчистат коловозите од снегот со соодветна механизација.

Ohridnews