По налог на Локалната самоуправа, денес екипите на ЈП Охридски комуналец во градскиот парк, во непосредна близина на споменикот Свети Кирил и Методиј исекоја две борови дрва.


Како што информираат од јавното претпријатие, причина за сечењето биле оштетувањата кои ги предизвикале стеблата врз споменикот. Просторот е предвидено да се оплемени со садници кои се од низок раст. На оваа локација веќе се посадени три јапонски дрва и три садници од видот лагестремија. 


– Уредувањето на овој простор е втор дел од активностите за уредување на градскиот парк  кои започнаа минатата година. Очекуваме активностите за уредувањето да завршат пред велигденските празници. При тоа, ќе бидат заменети и старите клупи со нови, вели Сашо Алчев, директорот на ЈП Охридски комуналец. 

OhridNews