Хуманоста на нашите иселеници продолжува. По повод празникот Свети Виликомаченик Димитрија- Митровден, денес, во Одделението за геријатрија при Општата болница, за згрижените лица, беше организиран ручек од страна на: Мишел и Дијана Армен, Дончо и Јулијана Каневче, сопственици на ресторанот Канео Климентина и Кире Корлески- членови на охридското социјално друштво „ Св. Наум Охридски“ со седиште во Мелбурн- Австралија.
Како што потенцираа од здружението, целта е лицата во геријатрија пригодно да го одбележат празникот кој во голем број домови се одбележува со слави или имендени.
Социјалното друштво „Св. Наум Охридски“ во континуитет донира опрема и средства за подобрување на условите и организира пригодни настани и закуски за лицата згрижени во геријатриското одделение при општата болница на поголемите верски празници, со што им го разубавува секојдневието на старите лица кои последните години од животот ги минуваат тука.
OhridNews