Здравата исхрана и здравиот начин на живот се основните темели на една успешна спортска кариера, резултат и слично. Од 65 до 70% заслугите за добар резултат во спортот одат на сметка од исхраната, а останатото за работата на тренинг, волјата и среќата.
– Исхраната и здравиот начин на живот одат заедно и тие неможат кај еден професионален спортист да дејствуваат одделно. Овие два компоненти во животот на еден спортист многу значат. Нема да згрешам ако речам дека 70% од успесите се базирани на добра и пред се здрава исхрана и здрав начин на живот. Под здрава исхрана се подразбира внесување на витамините кои му се потребни на организмот за нормално функционирање во текот на денот. – рече Гоце Мојсоски.
Сепак, за посакуваниот резултат неопходен е континуитет и во тренирањето, не само во исхранатаи здравиот начин на живот.
– Исто важна алка во животот на еден професионален спортист, бодибилдер или некој друг е тренирањето. Можиш да се придржуваш до начинот на исхрана, да живееш здраво, но ако не тренираш редовно и со полна енергија сево ова паѓа во вода. Ништо во животот на еден спортист не е посебно, се функционира заедно, а кога ќе се соедини се добиваш една целина, наречена успешен спортист. – додаде Мојсоски, апсолутниот фитнес шампион во Македонија во 2013 година.
Најголем дел од финансиските средства предвидени за еден циклус на спортист одат во исхраната и додатните сумплементи кои се користат. – Осумдесет проценти од буџетот на еден спортист сигурно ќе заминат за исхрана и сумплементите кои многу помагаат во текот на вежбањето или тренирањето. Никој професионален спортист не треба да си игра со исхраната бидејќи како што напоменав претходно таа заедно со здравиот начин на живот се основни темели на успехот. – заврши Мојсоски.
Мх.П.