На 31.01.2026 година во 02:55 часот, во СВР Охрид лишено од слобода е 52-годишно лице од Охрид кое се сомничи дека е сторител на кривично дело по член 297 од Кривичниот законик „Безобѕирно управување моторно возило“.

Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, управувајќи патничко возило „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со охридски регистарски таблици, кое го управувала 22-годишна охриѓанка. По извршено алкотестирање, полициските службеници кај 52-годишниот возач констатирале 2,48 промили алкохол во крвта по што, веднаш му беа одземени возачките документи и беше исклучен од сообраќај, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, велат од СВР Охрид, против него, ќе биде поднесена соодветни пријава.

OhridNews