Исклучувањето на Горан Попов на мечот со Тотенхем е оценето како најдобар судиски потег во Премиер лигата за сезоната што заврши.


Македонскиот интернационалец при дуел со Кајл Вокер прво имаше вербален разговор, кој го заврши со плукање. По асистенција на помошникот, главниот арбитар Марк Клатенбург му додели црвен картон и го испрати во соблекувалните.

– Одлуката на Клатенбург и брзата реакција да му додели црвен картон на Горан Попов, кој на тој натпревар со Тотенхем покажа сè што е погрешно за еден модерен фудбалер кој игра во Премиерлигата. По дуелот јасно се виде дека Попов го плукна противничкиот играч Вокер, и му беше покажан чист црвен картон. Тоа е најдобрата одлука на еден судија во изминатата сезона – рече поранешниот судија со знакот на ФИФА, Грем Пол.

Со тој потег Попов во голема мера ја изгуби довербата од менаџерот Стив Кларк и голем дел од натпреварите ги започнуваше од клупата.

Мх.П.