Уништувањето на јавните добра, урбаната опрема и јавното зеленило стана се’ позачестена појава низ градот. Од новиот дрворед со лигуструми на улицата „Партизанска“, насилно е искршено едно стебло, кое било мета на вандали и покрај тоа што е обезбедено со железна заштитна ограда.
Мета на девијантно однесување беа и рефлектори во градскиот парк, пред рибниот ресторан и в долж градскиот кеј, кои деновиве се искршени од несовесни граѓани.
Од ЈП „ Охридски комуналец“ со апел за подигнување на свеста на граѓаните и казнување на извршителите со високи парични казни.
OhridNews