Продолжува неодговорното однесување на поединци или групи кои правата штета на јавните добра во градот. По само еден ден откако беше превртена една од типизираните куќарки, оштетени и млади дрвја од дрворедот на улицата „Туристичка“.

Граѓаните реагираат вандализамот за жал зема се поголем замав. Посочуваат дека мора да се бара одговорност за ваквите постапки и истите да бидат казнети, но потребно е и поголема ангажираност на службите.

Неодамна бевме сведоци и на уништенени повеќе млади садници и од дрворедот на „Партизанска“.

И тогаш граѓаните реагираа во насока за поголема ангажираност на надлежните служби и институции во заштита на јавните добра и преземање мерки по примерот на другите туристички центри во светот кои против ваквите девијациие се борат со инсталација на систем на камери и 24-часовни редарски служби околу најзначајните културно историски знаменитости, природни реткости и јавни добра.

OhridNews