Нема крај на девијантното и деструктивно однесување на неодговорни поединци во Охрид. На удар сега се најдоа канделабрите на пешачката патека од каналот до Горица. Со камења искрешени се стаклата од канделабрите и предизвиката е поголема материјална штета.

Грдата слика утрово ги затекнала рекреативците кои велат дека се ошететни најмалку шест канделабри. 

За жал, ова не е прв пат да бидат оштетени јавни добра на оваа патека, но и во градот воопшто, што ја наметнува потребата од нивна подобра заштита, инсталирање на видео надзор, како и изрекување строги казни за неодговорните поединци.

OhridNews