– Ќуповите се искршени, расфрлани во тревникот, кејот и во езерото. Се прашуваме до кага ваквите девијантни појави ќе се повторуваат и ќе го деградираат изгледот на прекрасно уредените паркови, велат од ЈП Охридски комуналец, чии екипи секојдневно се грижат за изгледот и хортикултурното уредување на градскиот парк.
Од јавното претпријатие апелираат до надлежните служби да преземат соодветни мерки и прекршителите да се санкционираат.