Се повеќе објекти на јавните површини се мета на несовесни поединци. Оваа „лоша“ навика на одредени индивидуи кои продолжуваат да ги оштетуваат јавните добра, не го одмина ниту крајбрежјето.

Она што е највпечатливо покрај охридските плажи се искршените клупи за седење, расфрланиот отпад и оштетените корпи за отпадоци.

Ако не можеме да влијаееме на природните циклуси, може многу да се направи во средување на крајбрежјето, бидејќи Охрид не живее само во летниот период.

O.T.