Во текот на ноќта, група млади луѓе, го искршиле стаклото од влезната врата на училишната зграда од ОУ „Григор Прличев“, при што е причинета мала материјална штета.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, случајот бил пријавен денес на пладне, по што од страна на полицијата бил извршен увид на лице место. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

OhridNews