Македонската ракометна репрезентација направи голем чекор наназад во обидот да обезбеди пласман на ЕП што идната година се игра во Австрија.
Македонија во преполната сала “Борис Трајковски “ беше поразена од Исланд со 29-26 (13-10).
Исландската репрезентација уште еднаш се покажа како непремостлива пречка за црвено-жолтите на патот кон големите натпреварувања.
Наредниот натпревар во квалификациите Македонија го игра в Недела како гостин во Белгија.










