
Од капетанија информираат дека кандидатите пријавите за испит треба да ги поднесат најдоцна еден ден пред неговото одржување . Испитот се одржува во просториите на Министерство за транспорт и врски , Капетанија на пристаништата Охрид, на ул. Коста Абраш бр.1 со почеток во 10:30 часот.
Како и секоја година , термините на одржувањето на испитите се истакнуваат на страницата на Министерството за транспорт и врски www.mtc.gov.mk, во одделот Капетанија на пристаништата, каде можат да се преземат и пријавите за пријава на кандидатите. Исто така, на линкот е истакната информација за потребните документи за пријава на кандидатот како и сметките за уплата на надоместокот за полагање на испит и административната такса.
Сите заинтересирани кандидати за информација можат да се обратат во просториите на Капетанија на пристаништата.
OhridNews











