Како што информираат од министерството за финансии, јануарската пензија денеска е исплатена во целост. Исплатен е износ од три милијарди и 91 милион денари на 279.197 пензионери, кои примаат старосна, семејна или инвалидска пензија.

Социјалната помош е исплатена во текот на вчерашниот ден и тоа на 34.008 корисници на социјална парична помош и 26.540 корисници на туѓа нега.

Од Министерството за финансии и Владата потенцираат дека и во идниот период ќе проолжи редовната исплата на пензиите и социјалната помош.

OhridNews