Шеесет и пет годишната Себахат Демирали била примена на Инфективното одделение при Општата болница во Охрид со потешка клиничка слика, предизвикана од корона вирусот Ковид 19. Битката со опасниот вирус траела повеќе од две недели. Не било лесно, но со нега и грижа на целокупниот персонал на охридската болница, Себахет ја победи болеста. Нејзиното сведоштво на социјалните мрежи го пренесе министерот за здравство Венко Филипче.

Желбата за живот ме мотивираше да ги издржам сите препреки кои морам да признаам не беа лесни. Се чувствувам подобро, но сѐ уште при најмал напор, имам замор и губење на здивот и покрај тоа што пред пет недели ја напуштив болницата. Со тек на време се надевам дека ќе ги пребродам здравствените проблеми кои ги имам. Терапијата ја добивав на време, бев пациент со потешка клиничка слика и бев изложена на 24 часовна кислородна поддршка поради тоа што имав и други тешки здравствени проблеми. Се заблагодарувам на целиот медицински персонал за севкупната грижа. Тие ни беа на располагање 24 часа во денот. Директорот секој ден доаѓаше во посета кај сите пациенти и ми даваше поддршка која придонесе да ја пребродам оваа тешка болест. – раскажува Себахат Демирали.

Инфективното одделение при Општата болница во Охрид

Од корона вирусот успешно закрепнал и нејзиниот син, кој имал лесни симптоми. „Сега двајцата сме добро и сме најголема поддршка еден на друг.“ –  вели Себахат Демирали, излекувана пациентка од коронавирус, која 16 дена била хоспитализирана во инфективното одделение во Општата болница во Охрид.

OhridNews