
Последното остварување на Бајрам ги содржи неговите колумни по актуелни прашања, објавени во македонскиот печат, и се она што како автор не го запишал досега во неговите дела.
„Исповед на поетот“ во издание на „Макавеј“ ќе ја промовираат Разме Кумбароски и Бранко Цветковски.
Зад Есад Бајрам кој чекори во осмата деценија од животот, остануваат 30 објавени книги и над 50 преводи од македонски на турски јазик и обратно.Одикуван е со многу награди и признанија, а од 1987 година е член на Друштвото на писателите на Македонија.
Ohridnews












