Два проектили синоќа биле испукани кон зградата на Владата, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Околу 22 часот во полиција било пријавено дека во близина на зградата на Владата се слушнале две детонации. По неколку часа на фасадата на зградата на Владата пронајдени се два забиени проектили. Едниот проектил завршил на источната страна од зградата, а вториот на покривот .

Нема повредени и направена е незначителна материјална штета. Извршен е увид проектилите се подигнати и предадени на вештачење.

OhridNews

извор Макфакс