Истакнати физиотерапевти од земјава и од регионот ќе бидат дел од вториот Конгрес на професионални физиотерапевти на Македонија со меѓународно учество кој ќе се одржува во Струга од 16-18 септември 2016 година.
Овој научен собир кој го организира Здружение на Физиотерапевти на Република Македонија има за цел да ги проближи интересните сфери на сите физиотерапевти од регионот и да овозможи меѓусебна размена на искуства.
Во рамки на конгресните активности ќе бидат опфатени теми за Спортска физиотерапија, Физиотерапија при невролошки заболувања, Педијатриска физиотерапија, Физиотерапија при ортопедија и трауматологија, Кардио-пулмонална физиотерапија, Физиотерапија кај Ревматолошки заболувања и Физиотерапија при урогенитални дисфункции.
Според најавите како специјален гостин на Конгресот ќе биде еден од најпознатите светски физиотерапевти д-р Кензо Касе.
OhridNews