Новитетите во Нефролошката пракса и последните напредувања во дијагнозата и третманот на нефролошките заболувања, ќе бидат дел од 4-от Конгрес на Македонското Здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи со интернационално учество, што од 21-ви до 24 јуни 2012 година ќе се одржува во Охрид.

Овој научен собир, на кој се очекува да присуствуваат голем број истакнати нефролози од земјава и до странство  ќе биде поддржан од ERA – EDTA (European Renal Association-Eu-ropean Dialysis and Transplant Association) преку инкорпорирање на CME- Курс за “Унапредување на донацијата на органи и трансплантацијата – современа медицинска практика”.

-Приоритет во текот на Конгресот ќе му биде даден на проблемот на слабо развиената трансплантација на органи на Балканот. Трансплантацијата како универзално човечко право за најдобар можен третман на хроничните болести на бубрезите треба да биде рамномерно распространета низ светот. Меѓутоа новонастанатите проблеми на економска заостанатост на земјите во развој, скромната потрошувачка на здравствена нега, недостатокот на соодветна легислатива, јавна свест, едукација и мотивација за донацијата и трансплантација на органи може дополонително да се земат како фактори за недостатокот на трансплантациски програм, велат организаторите на конгресот.

Тие нагласуваат дека конгресот е добра можност да се црпат искуства од земји кои веќе станале успешни и да се обезбедат најдобари резултат за македонските  пациенти.

OhridNews