Истакнати педијатри од земјава и од регионот ќе бидат дел од шестиот Конгрес на педијатрите на Република Македонија со Интернационално учество, што ќе се одржи од 8-ми до 11-ти октомври 2015 година во Струга.

Научниот собир кој го организира Здружението на педијатри на Македонија има за цел да даде акцент на различни теми кои се важни за педијатрите и за сите што работат со детската популација.

Во рамки на конгресните активности ќе бидат опфатени теми за Примарна педијатрија-превенција; Интензивна нега и терапија; Развојна неврологија; Дијагноза и третман на ретки болести; Пулмоалергологија и имунологија како и други значајни теми.

OhridNews