Истакнати стоматолошки стручњаци од Англија, Австрија, Хрватска, Турција, Словенија, Бугарија и Србија ќе бидат дел од 6-тиот Меѓународен конгрес на стоматолозите од Македонија, што ќе се одржува од 24 до 27 Мај во Охрид.

Од Македонското стоматолошко друштво, кое е организатор на овој научен собир, велат дека  конгресот ќе биде уште една можност за нови сознанија, искуства, презентирање на новини од областа на стоматологијата, како и можност за дружење и размена на практични искуства од секојдневната работа.

OhridNews