Утре завршува законскиот рок за пријавување на данок на добивка и годишен данок на вкупен приход. Како што информираат од УЈП со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не ја завршиле оваа обврска, денес и утре, сите даночни канцеларии на УЈП ќе работаат до 18 часот. 

Ненавременото или неподнесувањето на даночните пријави во законски предвидениот рок – до 29 февруари 2012 година година, се смета за прекршок за кој е предвидена глоба од 1000 до 2000 евра во денарска противвредност, како и глоба од 500 до 1000 евра во денарска противредност на одговорното лице во правното лице.

Ohridnews