
Приходите остварени во 2008 година се оданочуваат со стапка од 10 отсто, додека граѓаните кои остваруваат само приходи од плата, пензија, од вршење самостојна или земјоделска дејност, не се должни да поднесат годишна даночна пријава.
Годишните пријави се поднесуваат од 1 јануари до 15 март. За неподнесување на годишната даночна пријава во утврдениот рок казната е од 500 до 1.000 евра.











