За да продолжат да добиваат сини картони во континуитет, Фондот за здравствено осигурување на Македонија ги повикува сите граѓани со ниски приходи или без никакви приходи, кои се пререгистрирале минатата година, до 31- ви март да дојдат во подрачните служби на фондот за да се пререгистрираат.

Тие на назначените шалтери треба да достават само здравствена легитимација и изјава за оствaрените приходи во 2011 година.

Доколку овие граѓани не се пререгистрира до предвидениот рок, тоа ќе може да го направат и подоцна но ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно нема да добиваат сини картони додека не ја завршат оваа обврска.

Граѓаните кои  досега воопшто не се регистрирале, на назначените шалтери треба да достават комплетна документација за да може да добиваат сини картони. 

OhridNews