Остана уште малку време за пријавување за изборот на најдобар спортист во Охрид за 2016 година кој традиоцинално го организира охридскиот Сојуз на спортови.


Пријавувањето трае до 10 јануари, а церомонијата за прогласување ќе се одржи на 16-ти јануари во големата салата во Општина Охрид.

За 2016 година ќе се избира најдобар спортист поединечно (машки-женски), најуспешен млад спортист поединечно, најперспективен спортист поединечно, најуспешна спортска екипа, најуспешен спортски тренер, најуспешен спортски работник и најуспешен спортски презентер. Стандардно признанија ќе бидат доделени за животно дело, најмасовен спортски клуб, ферл плеј и слично.

Од Сојузот на спортови Охрид ги повикуваат сите членови на Сојузот, спортските екипи од Охрид, спортските работници и поединеците и новинарите да достават листа со предлози за што потранспарантен и поддржан избор.

Спортските клубови кои не се членки на Сојузот на споротови во Охрид при аплицирање за најдобрите ќе треба да поднесат апликација за членство.

Изборот на најдобрите ќе го изврши комисија, избрана од Управниот одбор на Сојузот на спортови Охрид. Таа ќе е составена од познати спортски активисти, спортски новинари и членови на Сојузот на спортови Охрид.

Критериумите се строго пропишани согласно статутот на Сојузот на спортови Охрид, каде се предвидени апликантите да ги исполнуваат следните критериуми:

– Да поседува решение од Централен регистер на РМ,
– Да поседува решение од Агенцијата за млади и спорт на РМ,
– Да достават диплома или признание од локално ниво, државно, балканско, европски и светско натпреварување,
– Секој апликант треба да настапува за Охрид и да членува во охридски клуб.

Сите апликации да се поткрепат со извештај од спортскиот натпревар каде е постигнат успехот и извештај од федерацијата во која е зачленет клубот, со соодветни споредбени резултати на домашно, балканско, европско или светско ниво. Посебно ќе се ценат додатни прилози, како објави во штамани и електронски медиуми, известување од натпреварот на официјалната интернет страница на организаторот, извештаи и табели од официјални интернет страници на домашни, балкански, европски и светски федерациите или сојузи и сл. Во прилог да се достави кратка биографија.

Контакт за доставувањето на апликациите-предлозите во изборот за најдобрите спортисти во Охрид:

– на електронската адреса [email protected]
– во просториите на кајак кану клубот Стрмец- Охрид, во бараките на поранешен Гранит на крај од кејот после Хотел Гарден
– Претседател на Сојузот на спортови Охрид, Коста Карадимче, тел 070/249-507
– Подпредседател на Сојузот на спортови Охрид, Цветко Чолески, тел. 075/393-866
– Техничкиот секретар на Сојузот на спортови Охрид, Радован Попоски, тел. 075/951-777

За потсетување, минатата година наградите за најдобри спортисти ги понесоа Мартина Мироска (атлетика) и Иван Тасески (ракомет).

OhridNews