Утре истекува рокот за поднесување пријави за учество во јавното наддавање за закуп на плажите на Охридското крајбрежје на подрачјето на општина Охрид и општина Дебарца, потсетуваат од Министерството за транспорт и врски на Република Макеоднија.
 
Со јавниот повик се опфатени плажите во Охрид, меѓу кои и атрактивните локации кај Билјанини Извори, Канео, Горица, Лагадин, Елешец, Потпеш, Лабино и Грашница.


-До Министерството за транспорт и врски веќе се доставени комплетни пријави за неколку локации за учество во јавното наддавање и со оглед на тоа дека крајниот рок е утре, во Министерството за транспорт и врски барања ќе се прифаќаат заклучно 16.30 часот, а ќе се остави простор и за барањата кои ќе бидат доставени по пошта, велат од министерството.
 
Постапката за давање на плажите под закуп е започната неколку месеци пред почетокот на туристичката сезона, со цел формалните постапки да завршат навремено, а закупците да имаат доволно време да ги исполнат обврските кои произлегуваат од договорите во насока на навремено и квалитетно уредување на плажите со цел подготвено да се пречека туристичката сезона.

OhridNews