Рокот за замена на старите возачки дозволи со нови биометриски дозволи истекува на 1-ви. По овој рок лицата кои ќе бидат затекнати во сообраќајот да управуваат возило со стара возачка дозвола, а не поседуваат потврда дека поднеле барање за замена, ќе бидат санкционирани, информираат од полицијата.
Поради големиот број барања на граѓани за замена на старите возачки дозвол, административните служби на СВР Охрид ќе работат и денеска, сабота, од 8.30 до 14 часот.
-На овој начин СВР Охрид сака да им излезе во пресрет на граѓаните кои сеуште не извршиле замена на возачките дозволи, што претставува законска обврска, информираат од СВР Охрид.
OhridNews