
Во прилог на нашата репрезентација беше и резултатот на мечот Исланд – Украина каде гостите победија со 2:3 и го срушија сонот на домаќините за пласман на ЕП во Полска.
Македонија квалификациите ги заврши како првопласирана со 21 бод и обезбеди дриректен пласман на ЕП, пред Франција со 20 која ќе игра во баражот. Исланд кој како првопласиран влезе во последното коло квалификациите ги заврши на третата позиција со 18 бода, четврта е Украина со 14, петтото место го освои Шкотска со 8, а на последното место се пласира С. Ирска со само 2 бода.
– Ова е како сон, за ова живеевме и го остваривме. Се надевам дека и во Полска ќе продолжиме со успеси и ќе го израдуваме македонскиот народ. – изјави по средбата охриѓанецот Кире Маркоски, кој се запиша во листата на стрелците на одлучувачкиот натпревар со Шкотска.
OhridNews











