Историјата на дуелите Македонија – Хрватска (видео)
06.09.12 14:07
Македонската фудбалска репрезентација е пред нов циклус квалификации за Светското првенство во Бразил кое ќе се одржи во 2014 година. Премиерата “црвено жолтите“ ќе ја имаат со Хрватска на загребскиот стадинот “Максимир“.
Во досегашната историја од осамостојувањето, Македонија против Хрватска се има сретнато четири пати. Првите средбие беа во квалификациите за ЕП 2000. На домашен терен Македонија ремизираше 1-1. Стрелци на головите беа Христов и Шуќер.
Дуелот одигран во Хрватска го одлучи Ѕвонимир Бобан со маестрален погодок од слободен удар во финишот на мечот. “Коцкастите“ триумфираа со 3-2. Погодоците за Македонија ги постигнаа Чириќ и Шаиновски.
За повторна средба Македонија и Хрватска чекаа точно десет години. Чекањето се исплатеше повторно ја намачивме Хрватска да не совлада на домашен терен овој пат со 2-1. Исто како и во 1998 година така и во 2008 но сега Бобан го замени натурулизираниот хрват, Едуардо.
Многу оспоруваната македонска селекција од хрватските новинари врати со иста мера, на тогашниот “Градски стадион“ славеше со 2-0. Мазнов и Наумоски беа стрелци на головите за македонскиот состав.
Петтиот меѓусебен дуел помеѓу Македонија и Хрватска е в петок со почеток од 20:15 часот. Хрватска како и Македонија со големи очекувања ги започнуваат квалификациите за мундијалот во Бразил.
По кратко боледување на 70-годишна возраст почина познатиот македонски фудбалер Васил Рингов Рингов имаше блескава фудбалска кариера во која го носеше дресот на Беласица, Партизан од Белград и Вард...
Гоце Седлоски официјално е промовиран за селектор на македонската А репрезентација, информира ФФМ Од оваа репрезентација ќе барам максимален ангажман, храброст и желба за докажување на секој натпре...
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.