Формула 1 тимот на Ферари соопшти дека ја ангажирал 16-годишната Холанѓанка Маја Веуг како прв женски возач во историјата на својата академија.

Веуг победи на петдневниот камп за млади таленти во седиштето на Ферари и на тест-патеките во Маранело и Фиорано и сезонава ќе настапува во првенството на Формула 4.

Директорот на Академијата на Ферари, Марко Матаса, изјави дека постигнатиот резултат на холандската тинејџерка е најдобар во историјата на кампот за млади таленти.

Ова е клучен момент во историјата на Ферари и Академијата“, изјави шефот на италијанската Ф1 екипа, Матија Биното. Тој додаде доаѓањето во тимот на Веуг е јасен показател за настојувањето на Ферари да го направи мото-спортот поинклузивен и порамноправен.

Веуг живее во Шпанија, нејзината мајка е Белгијка, а таткото Холанѓанец.

На трките во Формула 1 нема женски натпреварувач уште од 1976 година и покојната Италијанка Лејла Ломбарди.

OhridNews