Македонскиот ракометен претставник, „Металург“,  со 22-21 го победи германскиот Букстехудер во првиот полуфинален натпревар од Челенџ купот.

Андреевска блескаше на голот во првиот дел, додека Георгиевска беше виновникот за пресвртот во вториот дел.

Елена мечот го заврши со 8 постигнати погодоци, додека Алими и Бајрамоска погодија по три пати.
Кај германките најпрезицна беше Хенце со 5 гола. Реванш натпреварот се игра за седум дена во Германија.

М.П.