По повод меѓународниот ден на Мајчиниот јазик, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше трибина на која учество зедоа професорите Стојан Буџакоски и Славе Ѓорго Димоски. На трибината се дискутираше за историскиот развој на Македонската азбука, за придонесот на Крсте Петков Мисирков и за историските моменти во периодот на Втората светска војна во решавање на азбучното прашање во Македонија.

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат дека и во иднина ќе организираат вакви настани се со цел младите генерации да бидат запознаени со македонската историја.