Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941 – 1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, по повод 76 годишнината од Второто заседание на АВНОЈ 29 Ноември 1943 година, ќе организира историски час на тема “Улогата и значењето на АВНОЈ во создавањето на македонската држава”.
Трибината ќе се одржи на 29 Ноември, петок, во просториите на ОУТУ “Ванчо Питошески” Охрид, со почеток во 10:30 часот. За настанот ќе зборува Наце Иваноски – професор по историја.
OhridNews












