Босна и Херцеговина на гостувањето во Литванија ја забележа победата која и обезбеди директен пласман на мундијалот во Бразил следната година. „Змајевите“ за прв пат во нивната фудбалска историја ќе учествуваат на едно големо натпреварување.


Покрај БиХ директно на завршницата од СП патуваат Англија, Италија, Германија, Холандија, Швајцарија, Русија, Англија и Шпанија додека преку баражот карта за Бразил ќе обезбедуваат Португалијa, Хрватска, Шведска, Романија, Исланд, Грција, Украина и Франција.

Ждрепката за двојките во бараж средбите се на 21 октомври, а натпреварите ќе се играат еден месец подоцна.

Мх.П.

X