Британецот Енди Мареј е противникот на Рожер Федерер во финалето на најстариот гренд слем турнир Вимболдон.

Мареј во 1/2 финалето со 3-1 (6-3, 6-4, 3-6, 7-5) го совлада французинот Жо Вилфред Цонга. Прв пат после 1936 година  британец ќе игра во финалето од Вимболдон. Последен кој ја бранел честа на Британија бил Фред Пери.

Мх.П.