Најдобрата спортистка во Македонија за изминатата година, каратистката Наташа Илиевска, оствари извонреден успех на Олимписките игри во боречки вештини, чии домаќин е Пекинг.


Во конкуренција на осумте најдобри каратистки во светот, Илиевска во Пекинг го освои бронзениот медал. Во борбата за бронзениот медал, Наташа Илиевска со 4:1 ја победи Катерина Стрика.

Настапот во Пекинг, Илиевска го заврши со две победи, две нерешени борби и еден пораз. Бронзата во Кина, за Илиевска, која е вицепрвак на Европа и европска Универзитетска шампионка, е еден од најголемите успеси во нејзината кариера.

Наташа Илиевска е првиот преставник на Македонија кој учествувал на овие Олимписки игри.

Олимписките игри во боречки вештини се одржуваат на секои четири години. На програмата во Пекинг имаше вкупно 13 дисциплини: Карате, Вушу, Кик-бокс, Бокс, Борење, Аикидо, Џудо, Џиу-џицу, Кендо, Мутаи, Самбо, Сумо и Таеквондо.

извор “Макфакс“
Ohridnews