Пласманот на Counter-Strike екипата ENTiTY од Македонија во осминафиналето на неодамна одржаното Светското првенство во Бусан, Јужна Кореја, е најголемиот успех во македонскиот електронски спорт. ENTiTY завршија како први во групната фаза покрај големата конкуренција (домаќинот Јужна Кореја, Австралија и Иран).

Иако во осмина финалето тимот беше елимиран тесно од Казакстан (1-2) и беше испуштена шанса за подобар пласман, играчите се среќни за својот успех и ветуваат подобра 2012 година и поголем успех на Европското и Светското првентсво.

Екипата упатува голема благодарност до сите кои го овозможија нивниот настап на првенството: Македонска е-спорт Федерација, кои ги организираат квалификациите за СП во Македонија и сите нејзини партнери (Град Скопје, Агенција за млади и спорт, TNT IT Market, Samsung, T-Home и Netgear), Општина Охрид и охридската телевизија ТВМ.

За ENTiTY

ENTiTY е екипа составена од 5 членови кои се натпреваруваат во видео играта Counter-Strike – една од најпопуларните видео игри којасе игра повеќе од 10 години на професионално ниво. Таа е First Person Shooter (FPS) игра односно игра со пукање во прво лице.

За ENTiTY играат: Јован Каланоски (Охрид), Александар Киселинов (Охрид), Анел Чековиќ (Тетово), Јован Деребаноски (Струга) и Влатко Сековски (Скопје). Тимот постои од средината на 2008-ма година и досега се постигнати значителни резултати. На пример: регионални квалификации на територијата на екс-Југославија за светски познат турнир “KODE5” и освојување два пати на националните квалификации за светското првенство “World Cyber Games (WCG)”. Играчите на ENTiTY имаат тренинг 4-5 неделно а пред турнири темпото е зголемено и обично се тренира со одржување на тренинг камп на одредена локација (интернет кафе и сл.).


Тимот ги освои квалификации за светско оваа година во мај во салата Борис Трајковски, на настан организиран од МЕСФ (Македонска е-спорт Федерација) и помогнато од Град Скопје, Министерството за Информатика, T-Home и други. Првиот од низа турнири планирани како генералки за СП беше во Трикала, Грција и го носеше името Balkan Challenge. Во Грција, ENTiTY успеа да ги победи најдобрите екипи од Грција, Израел, Турција и Бугарија, и го освои 1-вото место. Со оваа победа ENTiTY е моментален шампион на Балканот и докажаа ќе можат да претендираат за високо место на Светско.

ENTiTY ја промовира Македонија во е-спортот во достојно светло и заслужува голема подршка. За жал екипата нема многу помош за да обезбеди настап на повеќе натпреварувања со што би го зголемила искуството што е многу важен аспект во овај спорт, велат момците од ENTiTY.

OhridNews